MSI го претстави закривениот гејминг монитор Optix AG32CQ

Најновиот гејминг монитор на компанијата MSI е Optix AG32CQ, кој има 31,5-инчен екран со резолуција 2560 x 1440p и максимално освежување од 144 Hz. VA панелот има одзив од 1 ms, а дисплејот пристигнува со поддршка за AMD FreeSync технологија. MSI не споменува никаква форма на HDR поддршка.

Самиот екран нуди закривеност од 1800R, како и 85 отсто покриеност на NTSC гамутот на бои и 110% sRGB покриеност. Ова на корисниците им обезбедува пореалиситична репродукција на бои во споредба со некои ривалски дисплеи.

Кога се во прашање дисплеј влезовите, MSI Optix AG32CQ  поддржува HDMI 2.0, DVI-D и DisplayPort 1.2 конектори. Мониторот исто така има два сета LED светла на задната страна, но засега не е познато дали и како овие светла можат да се контролираат.