Flashpoint – музеј за зачувување на Flash игри

Во текот на минатата деценија од овој век, Adobe Flash беше еден од најдоминантните јазички програми кој се користеше на интернет, за креорање на мини игри, анимации, врвни веб презентации, мобилни апликации и многу други работи.

Сите ние знаевме за Flash и често делевме разни мали игри или смешни и интересни анимации кои беа правени во него. Сепак, на овој формат му се бројат последните денови, бидејќи и самиот Adobe најави дека во 2020. година ја укикува поддршката за Flash, а бројните интернет прегледници ќе го укинат Flash и порано, така што на овој некогаш неверојатно популарен формат наскоро ќе му го кажеме последното збогум.

Тука се појавува организацијата наречена Archive Team, односно нејзиниот оддел што се занимава со игри и кој во последните месеци волонтерски се организира во борбата за зачувување на оваа голема ризница на игри.

Проценка е дека игрите направени во Flash форматот и кои моментно се наоѓаат на интернет се толку бројни, што ги надминуваат сите скапи библиотеки на игри на сите конзоли. Некоја груба проценка буквално говори дека моментно постојат неколку стотици илјади Flash игри и сите тие засекогаш ќе умрат кога ќе се изгасне Flash, што навистина би бил вистински губиток.

Затоа е направен Flashpoint – виртуелен музеј за зачувување на Flash игри. Водечкиот човек на овој проект Бен Латимр вели дека идејата е едноставно сите овие игри да бидат на едно место и достапни со само еден клик, директно подигнати од локалниот хард диск.