Диџеј Arca дизајнираше садо-мазо слушалки кои чинат 5.426 евра

Венецуелскиот диџеј и музички продуцент Arca во соработка со компаниите Sense и Fleet Iiya дизајнираше кожни садо-мазо слушалки кои чинат 6.450 долари  (5.426 евра).

Ремените на слушалките се ставаат преку главата, челото, носот, устата и вратот, имаат вграден далечински управувач и подеслив навратник. Слушалките не се безжични, што значи дека морате да ги приклучите на уредот од кој сакате да слушате музика.

Производителот наведува дека слушалки се продаваат исклучиво како уметнички предмет и дека не доаѓаат со гаранција, што значи дека на корисниците нема да им бидат вратени пари, доколку испука кожата.

“Производот се користи на сопствена одговорност”, наведуваат креаторите на слушалките.

За оние на кои слушалките им се прескапи, можат да ја купат само кожната глава по цена од 5.275 долари и да ја користат за некои други цели.