Вашата омилена пукачка игра има нова содржина (ВИДЕО)

Возбудливата приказна за Ana Bray и Rasputin ќе ве одвед во опасните делови под ледените глечери Hellas Basin и пештерите на Марс за да го сопрете растот на војската Hive. Глечерите почнуваат да се истопуваат и да ги одведуваат играчите во нова авантура.

Играјте соло или со пријателите

Она што, исто така, е новост е дека играчите ќе можат да се здружат со пријателите за да завршат нови кооперативни мисии, дали во на тричлените тимови или во вид на целосното ново Raid Lair искуство на територијата Leviathan. Тука шест играчи можат да ги истражуваат новите области и да освојат целосно нови награди.

Конечната Raid Lair за Leviathan е една од врвните активности во Warmind и им нуди на играчите голема награда.

Ново оружје и опрема за освојување

Тематски прилагоденото ново оружје и во склад со дестинацијата егзотично дизајнираната опрема претставуваат клучен моќен додаток кој ќе го заокружи арсеналот на играчите.

Погледнете го видеото за експанзијата Destiny 2, која од 8. мај ќе биде достапна за PlayStation®4, Xbox One и PC платформите.