WhatsApp за iOS сега може да пушта видеа од Facebook и Instagram

WhatsApp, кој е во сопственост на Facebook имплементирапе помала, но многу корисна промена. Апликацијата е ажурирана и сега може да пушта видеа од Facebook и Instagram, без потреба корисникот да ги менува апликациите за преглед на видео содржините.

Кога корисниците ќе примат некој Facebook или Instagram видео клип од страна на своите WhatsApp контакти, ќе можат да го гледаат во рамки на апликацијата без прекинување на разговорот.

Оваа оцпија беше долгоочекувана на сервисот, посебно поради фактот дека WhatsApp веќе некое време е во состојба да репродуцира YouTube видеа во рамките на разговорот.

Споменатата поддршка е дел од надградбата која WhatsApp ја објави за своите iOS корисници, а тука е и можноста на администраторите на групите да им се овозможи промена на темата, описот и иконите на постоечкиот thread. Кога е во прашање Android, овие промени се очекуваат наскоро.