Honda Civic Type R бесплатно за љубителите на играта Forza Motorsport 7 (ВИДЕО)

Turn 10 Studios подготви подарок за љубителите на играта Forza Motorsport 7, а тоа е новата Honda Civic Type R.

Во светот на игрите не добивате многу работи бесплатно, но програмерите од Turn 10 Studios одлучија да им подарат на играчите Honda Civic Type R која е можно да се преземе целосно бесплатно. Доколку ја поседувате играта  Forza Motorsport 7,  надградбата за мај и новиот автомобил кој е дел од неа се достапни за Xbox One и PC.

Civic Type R е моќен хечбек кој е одличен додаток на веќе фантастичната игра. Програмерите се трудат да додадат нови и уникатни автомобили.

 

Автомобилот пристигнува во играта во време кога Honda најави зголемување на цените за вистинскиот Type R. Под капакот се наоѓа 2,0-литарски четирицилиндричен мотор кој развива 306 KS спарен со 6-степен мануелен менувач, а силата се пренесува на предните тркала. За сопирачката моќ се грижат Brembo сопирачките, а во внатрешноста е 7-инчниот екран осетлив на допир кој ги поддржува Android Auto и Apple CarPlay системите.