Се појавија нови официјални рендери од Nokia X6

Nokia X6 смартфонот, претходно познат и како Nokia X пристигнува на 16. мај. Фотографиите од претходно ни открија дека телефонот ќе има “notch” (засек) во екранот, а ова го потврди и неодамнешниот hands-on на уредот. Сега се појавија нови прес рендери на паметниот телефон.

Приказите ни ги донесува Suning, кој организираше своевидна наградна игра за корисниците, а компанијата открива дека Nokia X6 ќе има систем со две камери и сензор за отисоци на прсти од задната страна. Остатокот од спецификациите би требало да вклучува 5,8-инчен екрам со формат 19:9 и резолуција од 2280 х 1080 пиксели.

Основната верзија на телефонот користи MediaTek Helio P60 чипсет, додека надградената верзија користи Qualcomm Snapdragon 636 процесор. Двете верзии ќе ги напојува батерија од 3300mAh. Опциите за RAM и простор за складирање вклучуваат  4GB и 6GB RAM, односно 64GB и 128GB меморија.

Се очекива дека Nokia 6X ќе има почетна цена од околу 250 долари, кога ќе се појави на пазарот следната недела.