Патентот на Samsung сугерира TV со заоблени рабови

Samsung веќе има заоблени екрани на телевизорите, а компанијата наскоро би можела да претстави и TV модели со заоблени рабови. Најновиот патент на јужнокорејската компанија опишува TV дисплеи со заоблени рабови.

Патентот укажува на технологија која опишува како се аранжираат пикселите во OLED и LCD системите. LCD пристап е дефиниран во повеќе детали во патент документацијата. Еден од техничките предизвици ќе биде позадинското осветлување, кое е потребно за LCD телевизорите.

Многу е битно изворите на светлината да бидат рамномерно распоредени преку дисплејот, како и во заоблените рабови. За ова, растојанието помеѓу изворот на светлина и заоблениот дел ќе мора да биде подесен базирано на соодветната закривност на работ.

Дали телевизорите со заоблени рабови ќе станат нареден тренд во индустријата, останува да се види. Samsung очигледно размислува во оваа насока, а останува да се види како и дали компанијата ќе ја спроведе оваа идеја во дело.