Apple се подготвува да исфрли важна работа од кутијата за iPhone

Ако досега не ви стана јасно, секоја инвестициска брокерска куќа и банка на берзата има посебен аналитичар кој е исклучиво фокусиран на Apple. Ова не е премногу изненадувачки, со оглед на тоа дека во прашање е една од највредните компании на берзата.

А во склад со тоа, само што се појави извештајот на аналитичката компанија Barclays кој тврди дека Apple со новите iPhone модели повеќе нема бесплатно да вклучува посебен 3.5 мм адаптер за слушалки.

Ова тврдење добива на тежина благодарение на фактот дека Barclay успешно предвиде дека овој додаток ќе доаѓа со моделите  iPhone 8, 8 Plus i X.

Ако оваа гласина се испостави како вистинита, купувачите на iPhone ќе мораат да одвојат уште 10 долари за купување на адаптер за користење на стандардните слушалки наместо безжичните.