Истражувачи од МИТ: Ќе можете да управувате со своите соништа

Луѓето отсекогаш сакаат да можат да управуваат со своите соништа. Притоа не мислиме на целите кои сакаме да ги оствариме во животот туку на вистинските соништа кои ги имаме додека спиеме. Додека некои тврдат дека со доста тренинг може „свесно“ да спиеме и да управуваме со соништата, истражувачи од МИТ се свртеа кон технологијата за помош.

Според тврдењата на истражувачи од МИТ, третата генерација на направата Dormio ќе им овозможи на сите да управуваат со своите соништа. За разлика од електроенцефалограмот, кој ја мери мозочната активност, Dormio функционира на нешто поинаков начин. Наместо да се фокусира на РЕМ фазата на длабок сон, Dormio ја бара онаа фаза меѓу сонот и будењето.

Во таа фаза лицето кое уште спие може да слуша звуци или го губи чувството за себеси, за времето и просторот. Во таа фаза често се јавуваат добри идеи, иновативни и чудни решенија кои инаку во будна состојба би ги игнорирале. Dormio користи сензори за да ја следи напнатоста на мускулите и да го идентификува моментот кога телото влегува во т.н. хипнагонија.

Извор: Zimo.hr