Wikipedia конечно воведува алатка која ќе ги спаси читателите од бесконечно копање по линкови кои ги поврзуваат поимите и така ќе придонесе за читање на објавените статии.

Ако стрелката ви стои над кој и да е хиперлинкуван поим на Wikipedia, ќе видите помал приказ за најава на страницата до која води тој линк, што ви дозволува да ги истражите поврзаните теми без напуштање на она што го читате.

Со воведувањето на оваа опција Wikipedia овозможува истражување на темите без напуштање на изворната страница и без отворање голем број дополнителни табови.

Малата најава за страниците содржи неколку реченици од целиот текст, дозволувајќи им на читателите да одредат дали темата на која планираат да кликнат е поврзана со темата со која се занимаваат.

Фондацијата Wikimedia спроведе многу педантно истражување пред воведувањето на оваа можност, а реакциите беа многу позитивни. Само мал број луѓе ја исклучиле опцијата, што значи дека таа не му смета на стандардниот читател. Промената на Wikipedia донесе и многу поголем број стандардни прегледи.

– Фондацијата Wikimedia на успехот гледа како на можност за приближување на бесплатното знаење во светот, дури иако методата со која се работи тоа го намалува бројот на потенцијалните посетители. Нашата цел е „Wikipedia да ја направиме покорисна, поверодостојна и поинтересна за луѓето од цел свет – стои на официјалниот блог на Wikipedia.