Intel ќе го прекине развојот на паметните очила

Intel бара начин да го прошири својот дострел во повеќе пазарни сегменти за да остане конкурентен во брзорастечката технолошка индустрија. Компанијата гледа одлична иднина во платформата за Интернет на нештата, мрежите со 5G и автономните автомобили. Intel, исто така, инвестираше многу во развојот на паметни очила со брендот Vaunt. Моделите требаше да понудат добра комбинација на класичен, елегантен дизајн и најсовремена технологија за да понудат нешто уникатно за потрошувачите.

Компанијата, сепак, го смени своето размислување и планира да стави крај на работата на групата New Devices Group, која има задача да развие такви гаџети. Intel, исто така, ги затвора сите други проекти за паметни очила и ќе скрати повеќе од 200 вработени кои моментално се наоѓаат во одделот, пренесе TechCrunch. Тоа значи, дека Intel престанува да инвестира во развој на такви уреди, што исто така ќе влијае на Vaunt, кој се чини дека не го предизвика интересот што се очекуваше.

Извор: Стандард