Креирајте 3D селфи фотографии со Sony 3D Creator (ВИДЕО)

Sony објави надградба на апликацијата 3D Creator, која додава функција за правење 3D селфи на постарите телефони на компанијата. Според официјалното соопштение, новата опција овозможува 3D скенирање на главата на корисникот, која според материјалот, се случува исклучително брзо.

Добиените селфи фотографии можат да бидат објавени на социјални мрежи како Facebook, па дури и испечатени со 3D принтер.

Освен тоа, ажурирањето на 3D Creator обезбедува подобрен квалитет на сликата со текстури со поголема резолуција. Ова се постигнува со рендерирање 3D слики во облак сервис од Sony. Друга иновација е увозот на 3D модели во апликацијата Shadow Avatars.

Новата верзија на апликацијата е достапна во Google Play за минатогодишните Xperia XZ Premium, Xperia XZ1 и Xperia XZ1 Compact.