Основно училиште во Кина кое ќе го градат и роботи

Zaha Hadid Architects објавија интересен план за изградба на несекојдневно основно училиште во планинската провинција Џијангсу во Кина, во која ќе бидат прикажани серии од современи училници изградени во еден дел и од роботи.

Основно училиште во Лушан ќе биде лоцирано на 160 километри северо-западно од главниот град на провинцијата, Нанчуанг, и се наоѓа на мал полуостров. Таму ќе има можност да се сместат до 120 деца од 12 околни села кои имаат вкупно население од само 1800 жители.

Според проект-планот на кампусот, училиштето ќе се подели во серија на училници, домови и комунални згради кои ќе бидат ориентирани да добијат оптимална природна светлина. Секоја од заоблените градби ќе има преклопен покрив за да се засенчат големите прозорци од наплив на сончева светлина.