Пристигна апликацијата наменета за цивилите кои сакаат да патуваат во Вселената

Новата апликација „Space Nation Navigator“, дизајнерите ја опишуваат како прва апликација за обука на астронаути.

Доколку отсекогаш сте сонувале да заминете во Вселената, тогаш ќе ве развесели оваа новост дека тоа станува реалност. Апликацијата Space Nation Navigator ви ја нуди таа можност.

Направена со помош на НАСА, оваа бесплатна апликација ги подучува кандидатите на основни астронаутски вештини со помош на мини игри, квизови, фитнес предизвици и наративни авантури.

Space Nation Navigator, покрај тоа, е и првиот чекор кон Space Nation Astronaut програмата – глобален натпревар во кој еден кандидат ќе освои патување во Вселената. Апликацијата беше лансирана на годишнината од летот на Јуриј Гагарин во Вселената во 1961 година.

Space Nation Navigator i Space Nation Astronaut програмата се првите алатки за тренинг на цивили за идните вселенски патувања,“ вели ко-основачот на Space Nation, Mazdak Nassir.

Ниската земјина орбита е спремна за работа, а компаниите се спремаат за ископување на астероиди и изградба на хотели. Се повеќе луѓето ќе ја посетуваат вселената. Овој следен чекор во новата вселенска трка ќе бара многу вештини кои Space Nation Navigator ќе им ги понуди на сите луѓе во светот кои сакаат да заминат на далечно патување.“

„Објавувањето на Space Nation Navigator ги прави рамноправни цивилите кои сакаат да патуваат во Вселената со астронаутите,“ вели Kalle Vähä-Jaakkola, директор и ко-основач на Space Nation.

Space Nation Navigator може бесплатно да го симнете на Google Play Store.

Извор: Е-Наука / Астрономија.мк