Gwent добива редизајн и нови содржини

CD Projekt Red работи на ААА проектите, особено на Cyberpunk 2077, но и Gwent, спиноф играта од серијалот The Witcher, редовно еволуира и добива нови содржини.

Девелоперите најавуваат целосно нова фаза во развојот на играта која ќе трае цели 6 месеци, симболично наречена Homecoming, бидејќи со тоа, завршува фазата на бета тестирање.

За време на траењето на оваа фаза ќе добиеме два апдејти. Првиот се очекува кон крајот на април и тој носи Премиум карти кои недостасуваат и скинови за секоја факција, додека мајскиот апдејт ќе биде фокусиран на балансирање на играта, објави Play.

Развојниот тим има план за 6 месеци Gwent да се претвори во вистинско бојно поле со воведување на нова механика и визуелни додатоци, како и со проширување на гејмплејот. Фокусот ќе биде на прогресијата на играчот, како и на зголемата важноста на skill за време на мечевите. Уште една работа која се однесува на самиот изглед на играта е и планот за „замрачување“ на атмосферата, за Gwent повеќе да одговара на оригиналната верзија од The Witcher.

Исто така, Thronebreaker кампњата која требаше да излезе кон крајот на минатата година, ќе се појави заедно со официјалната промоција на Gwent во октомври.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 4 =