Компанијата SpaceX одложи лансирање на ракета Falcon 9, со којашто требаше во Земјината Орбита да биде стациониран телескоп на НАСА, што пак, е наменет за лоцира егзопланети со својства какви што има Земјата и потенцијални услови за живот.

Полетувањето на телескопот TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite), кое требаше да се случи синоќа на Флорида, во 22:32 часот по Гринич, се одложи за најмалку 48 часа поради проблеми со системот за насочување и навигација на ракетата.

Проектот чини 337 милиони долари и ќе трае две години