Одземени рекордите на Били Мичел, тој тврди дека играл регуларно (ВИДЕО)

На популарниот гејмер Били Мичел одземени му се неколку рекорди од легендарни игри откако истрагата покажала дека не ги постигнал на оригинални аркадни апарати, туку на емулатори – што е спротивно на правилата.

Мичел е еден од најпознатите гејмери во историјата, благодарејќи на големиот број рекорди постигнати во класичните игри како Donkey Kong или Pac Man. Но, минатата недела неговото место во историјата е доведено во прашање откако истрагата покажа дека резултатите не било постигнати според правилата, пренесува „Вашингтон Пост“.

Организацијата Twin Galaxies, која ги контролира резултатите на старите аркадни игри, објави дека утврдиле оти Мичел некои од своите рекорди не ги остварил на аркадни машини, туку на емулатори, софтвери кои на кои може да се играат старите игри – што се коси со правилата. Како што наведуваат од компанијата, правилата за предавање на резултатите за оригиналната Donkey Kong бараат играта да се игра на аркадна машина, додека е забрането користењето на емулатор.

Веднаш по нив, реагираа и од Гинесовата книга на рекорди и го избришаа неговото име. Имено, во Гинис се водат според официјалните податоци на Twin Galaxies.

Во анализирањето на рекордите на Мичел се прегледувале видеата од неговото играње и било заклучено дека не користел оригинални, туку модифицирани машини.

Во меѓувреме, преку YouTube се огласи и самиот Мичел кој рече дека се било направено професионално и според правилата. Тој рече дека се е транспарентно и оти нема што да крие.