Тајванскиот весник „Economic Daily News“, објави дека Apple новиот iPhone ќе ја позајми идејата на Huawei 20 Pro, и дека ќе вгради трет објектив за да ги подобри перформансите на дигиталната камера.

Се уште е рано за потврдување на оваа информација, но тајванскиот весник ова тврдење го прави преку анализа на ланците за делови со кои Apple соработува при изработката на новиот смартфон.

Според извештајот, новиот iPhone ќе има објективи со шест елементи, оптичка стабилизација и петкратен зум.