Bethesda подготвува низа изненадувања за саемот Е3

Bethesda минатиот месец го закажа своето присувство на овогодинешниот E3 саем, за каде што подготвуваат специјална вечер.

Пит Хајнс, маркетинг директорот на компанијата најави дека подготвуваат неколку изненадување.

– Зборуваме за добар број на нови игри и проекти…навистина сум возбуден. За Е3 се подготвуваме уште од септември минатата година. Јас веќе 7-8 месеци работам на презентацијата и навистина сум задоволен како се изгледа, изјави Хајнс.