Под Арктичкиот океан се крие нешто што може да не уништи! (ВИДЕО)

Руските научници откриле најлошо оружје за масовно уништување на светот, кое ги шокирало истражувачите.

Лидерот на тимот рекол дека никогаш не видел толкава количина на енергија подготвена да го уништи човештвото. Шефот на рускиот истражувачки тим известува за облаците од метан кои се 20 пати посилни од јаглерод-диоксид, а кои излегуваат во вид на меури на површината на Арктичкиот океан. Научниците го откриле ова истражувајќи го регионот.

This is Six years old but does a good job of explaining what the Eastern Siberian Hot Spot is that NOAA is always trying…

Gepostet von Joe Neubarth am Montag, 4. Dezember 2017

“Количината на метан која се ослободува ги шокирала руските научници кои го истражуваат морското дно на епиконтиненталниот појас на источен Сибир на северот на Русија веќе 20 години”, известува Independent.

Игор Семилетов од Меѓународниот арктички истражувачки центар на Универзитетот Фербенкс, Алјаска, кој го водел осмото заедничко крстарење на САД и Русија во источносибирските арктички мориња, рекол дека никогаш не видел толкава количина на метан која се ослободува од дното на Арктичкото море.

“Претходно пронаоѓавме структури во вид на факели кои имаа дијаметар од околу 10 метри. Ова е прв пат да пронајдеме моќни структури со повеќе од 1.000 метри во дијаметар. Тоа е неверојатно. Посебно загрижува густината на облаците. Над релативно мала област пронајдовме стотина такви, а на пошироката област би требало да ги има неколку илјади”, рекол Др. Семилетов.

Научниците проценуваат дека под арктичкиот пермафрост се наоѓаат милиони тони метан. Најмногу се стравува дека тој метан, поради глобалното загревање и порастот на температурата од година во година и мразот кој се топи на Сибир, би можел одненадеж да се ослободи во атмосферата.

Неколку такви џиновски експлозии би имале дејство на стотина атомски бомби, кои би ја блокирале атмосферата. Човештвото не би можело тоа да го поднесе. Тоа би било почетокот на крајот. Просто кажано, човештвото буквално седи на џиновски нуклеарни бомби. Само е прашање на време кога ќе се активираат, и не е важно каде, бидејќи опасноста е глобална.

Тимот на Др. Семилетов во 2010-тата година објавил истражување во кое се проценува дека емисијата на метан во овој регион изнесува околу 8 милиони тони годишно.

Извор: Kurir.rs