Sega ја претстави Mega Drive Mini играчката конзола

Sega објави дека ќе започне со продажба на нова играчка конзола Mega Drive Mini – минијатурна верзија на 16-битната Genesis (исто така позната како Mega Drive). Од компанијата исто така соопштија дека ова лето за Nintendo Swich ќе станат достапни повеќе класици.

Mega Drive Mini ќе излезе по повод триесетгодишнината од играчката конзола и на неа ќе може да се играат голем број на игри. Уредот изгледа како популарните Nes Classic и SNES Classic уреди, што на играчите им нудеа голем број на однапред инсталирани игри.

Оригиналната конзола Mega Drive во Јапонија беше лансирана на 29 октомври 1988 година, додека во останатите делови од светот таа беше пуштена во продажба, наредната 1989 година. Во светски рамки беа продадени повеќе од 30 милиони уреди.