Самсунг развива нова генерација на паметни дисплеи за телевизори. Компанијата поднесе патенти за трговската марка „Samsung Intelligent Display“, а според информациите овие панели ќе се користат само за телевизори и нема да бидат употребени во смартфони, таблети, лаптопи итн. Информацијата ја потврди претседателот на „Visual Display Business“ одделот на корејскиот производител, Јонг-Хи Хан.

Во изјавата за време на премиерата на 2018 QLED TV палетата, тој неколку пати го искористи терминот „Intelligent Display“, коментирајќи ги можностите на новата генерација ултратенки телевизори, информира „AndroidHeadlines“. Ние немаме детали за другите подобрувања што можеме да ги очекуваме во „Samsung Intelligent Display“. Премиерата на ултратенките екрани со висока резолуција ќе и овозможи на компанијата да се натпреварува поуспешно во овој пазарен сегмент со „LG“.

Друг клучен фокус во нивната стратегија ќе биде вештачката интелигенција. Трговската марка на „Samsung Intelligent Display“ се очекува да биде официјално регистрирана во Патентната канцеларија на САД во рок од неколку месеци. Потоа ќе дознаеме повеќе за визијата и техничките спецификации на интелигентните екрани на „Samsung“. Времето ќе покаже дали оваа година на пазарот ќе бидат прикажани првите телевизори со слични карактеристики.