Во Шведска направен пат кој ги полни батериите на електричните возила (ВИДЕО)

Во Шведска е пуштен во употреба првиот коловоз кој може да ги полни батериите на електричните автомобили и камиони.

Станува збор за вградена електрична шина која што е долга околу 2 километри. Шината е вградена на јавен пат во близина на Стокхолм, а шведската влада веќе испланира мапа за ширење на ваквиот тип на патишта низ целата земја.

Државата си постави за цел да стане целосно независна од фосилни горива до 2030 година.

Технологијата која што стои зад електрификацијата на коловозот помеѓу аеродромот Арланд во Стокхолм и логистичкиот центар ван градот има за цел да го реши проблемот со полнењето на батериите на електричните автомобили.

Автомобилите енергијата ја земаат преку контакт со подвижна „рака“ на дното на автомобилот од двете шини вградени во патот. Доколку автомобилот престигнува, „раката“ автоматски ќе се одвои од шината.

Електрифицираниот коловоз е поделен на делови од по 50 метри, а секој дел е под напон само кога над него има автомобил. Кога возилото ќе запре, струјата се исклучува. Системот може да ја пресмета потрошувачката на енергија на возилото.

„Динамичкото полнење“ овозможува користење на помали батерии како и намалување на трошоците за нивно производство. Камионот на компанијата PostNord, кој до неодамна користеше дизел гориво, е првото возило што го користеше овој пат.

Претседателот на компанијата eRoadArlanda која што го изведе овој проект, Ханс Сал тврди дека постоечките возила и патишта може да се адаптираат за користење на оваа технологија.

– Доколку електрифицираме 20 илјади километри автопат, тоа ќе биде доволно. Оддалеченоста помеѓу два автопата никаде не е поголема од 45 километри, а електричните автомобили веќе може да ја поминат таа оддалеченост без потреба за ново полнење, вели Сал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen + seven =