GTA V има поголема заработка од било кој филм во историјата

Феноменот наречен GTA V се појави во 2013 година за претходната генерација на конзоли, една година подоцна дојде за сегашната верзија, а нешто подоцна се појави и како игра за компјутер.

Играта, поради популарноста на останатите наслови во серијалот и многубројните новости стана инстант хит и постигна историски резултати во продажбата.

Милиони продадени копии се редеа во текот на годините и Grand Theft Auto V сега дојде до цифра од вртоглави 90 милиони продадени примероци на сите платформи.

Аналитичарот Даг Креутз, во разговор за MarketWatch процени дека GTA V досега на компанијата Take-Two им донела профит од неверојатни 6 милијарди долари, со што по заработка оваа игра ги надминува сите филмови кои забележале најголем успех во кино-салите, како што се Star Wars и Gone With the Wind кои собраа по 4 милијарди долари, како и Avatar кој останува во сенка поради популарната видео игра.

Познато е дека најмногу пари доаѓаат од страна на онлајн компонентите кои редовно добиваат нови содржини, преку кои ги враќаат играчите во игра и со самото тоа добиваат уште повеќе пари.

Светот ја очекува новата Grand Theft Auto, за која досега не постојат конкретни податоци, туку само гласини.