AOC го претстави новиот АG352UCG6 монитор, кој се одликува со висока фреквенција на освежување од 120 Hz. Во прашање е 35-инчен монтитор со 1800R закривеност и WQHD (3440 x 1440p) резолуција.

Мониторот прикажува живописни бои, а поддржува 100% sRGB гамут. Тука е и Nvidia G-Sync поддршката, како и техночките подобрувања на дисплејот, како што се Shadow Control, Flicker Free и Low-Blue Mode. За оние кои сакаат да додадат малку повеќе содржина во своето опкружување, тука е LED осветлувањето на задниот дел од мониторот.

AOC AG352UCG6 има 300 cd/m² осветлување, одзив од 4ms (GtG), 2500:1 контраст и агли на гледање од 178/178 степени. Од конекторите се присутни HDMI 1.4 и DP 1.2 портовите.