Fortnite за iOS за помалку од еден месец заработи 15 милиони долари!

Популарната игра Fortnite на Epic Games која што е наменета за уредите со iOS оперативен систем заработи 15 милиони долари за време на првите три седмици колку што е достапна на App Store.

Ова го покажаа податоци на аналитичарската компанија Sensor Tower, од каде што откриваат дека Fortnite наменета за iOS уредите заработува повеќе од досега најпопуларните Candy Crush Saga, Clash of Clans и Pokemon Go кога стануа збор за неделниот приход.

Fortnite за една седмица заработи 6,4 милиони долари, а најблиску до оваа игра е Candy Crush Saga со 5,8 милиони долари, но сите игри се постари од Fortnite, а Candy Crush Saga е присутна веќе шест години.

Сепак, секоја од овие игри со години се наоѓа на врвот на App Store на Apple и сите игри се развија во масивни и стабилни извори на приходи.

За разлика од повеќето игри за мобилни уреди кои што овозможуваат плаќање на пари за нови нивоа и слично, Fortnite продава костими, анимации и други „козметички итеми“, а во понудата има и тримесечна претплата од 9,99 долари наречена Battle Pass.

Секако, за успехот на Fortnite придонесе и фактот дека верзијата за мобилни уреди е иста како и верзијата за компјутерите и конзолите.

Од Sensor Tower откриваат дека Fortnite ја имаат превземено 11 милиони корисници на мобилни уреди и дека Epic Games во февруари благодарение на купувањата во Fortnite заработиле вртоглави 126 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − 10 =