Седум трикови со кои полесно ќе го користите компјутерот

Што ако случајно затворите некој прозорец со содржината што ви треба? Како да зачувате веб-страница во PDF формат? Ви споделуваме седум корисни трикови што можат многу да ви ја олеснат работата и да ве поштедат од нервози.

Случајно сте го затвориле потребниот прозорец во пребарувачот? Еве како повторно да го отворите.
Ако случајно ви се случи погоре опишаната ситуација, во оперативниот систем Windows ќе можете повторно да го отворите навидум загубениот прозорец ако истовремено притиснете Ctrl, Shift и T. За компјутерите со оперативен систем „Мек“ треба да ја притиснете комбинацијата Cmd, Shift и T.
 

Како да ја зачувате веб-страницата во PDF формат?

Во Windows притиснете заедно Ctrl и P, па одберете Save as PDF. За Mac: Cmd и P, па од подменито одберете Save as a PDF.

 

Како да најдете книга на Google?

Во пребарувачот Google отворете напредно пребарување и изберете го форматот на датотеката – PDF, DOC, RTF, DjVu – па впишете го насловот на книгата.

 

Како пребарувачот Google да го претворите во дигитрон?

Во пребарувачот Google внесете формула (на пример, 100/1,25 или 18+532) и притиснете Enter.

Како да зачувате страница на Facebook?

Ако сакате да зачувате страница на Facebook за подоцнежно прегледување, изберете Save link на врвот на страницата. За да можете повторно да го видите тоа што ве интересира, во менито отворете го Saved.

 

Како брзо да ја промените големината на фонтот во Word?

Постапката за брза промена на големината на фонтот во програмата Word на Windows и во панданот на Mac е иста: Притиснете истовремено Shift и F3.

 

За што служат малите испупчувања на копчињата?

Копчињата F и J на тастатурата имаат мали испупчувања. Дали знаете за што служат? Тие се за да ни помогнат да пишуваме „на слепо“. Врз нив би требало да ги поставиме показалците од двете раце.

 Извор: Tportal.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − 3 =