Pornhub на автобуска станица во Риека

Неодамна градската власт во Риека (Хрватска) се пофали со поставување на две т.н. паметни автобуски станици во центарот на градот. Станува збор за поставени екрани кои реагираат на допир, па на нив можете да добиете информации за позициите на автобусите кои ги чекате, да го погледнете возниот ред, но можете и да ги наполните важите мобилни телефони.

После само два дена, овие уреди веќе не фунцкионираа како што требаше, но во меѓувреме техничките проблеми се отстранети. Се чини дека некој си поиграл со системот, па проблемите продолжуваат, бидејќи наместо позициите на автобусите во Риека, на екранот може да го гледате сајтот Pornhub. Станува збор за еден од најголемите сајтови со порнографска содржина на интернет. Засега не е познато како некој успеал да го направи овој сајт достапен.