Основниот модел Huracan кој почнал да се произведува во 2014 година, прославува голем јубилеј.

Кога кон крајот на 2013 година е завршено производството на моделот Gallardo, од фабричките ленти излегле вкупно 14.022 примероци на овој автомобил.

Овој резултат е постигнат во текот на нешто повеќе од една деценија, колку што и траел производниот век на најпродаваниот модел во историјата на италијанската компанија.

Во меѓувреме, неговиот наследник за само 4 години производство достигнал до 10 илјади возила, што гарантира дека за неколку години ќе ја преземе титулата “бестселер на Lamborghini”.

Јубилејниот Huracan е изработен во две верзии – Performante и Verde Mantis, а го придвижува 5.2-литарски V10 мотор кој испорачува 640 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Тоа е доволно за автомобилот да забрза од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди и да развие максимални 325 км/ч.

Иако Huracan е на половина од својот производствен век, Lamborghini веќе размислува за наследникот. Директорот на техничкото одделение на компанијата, Маурицио Реџиани, изјавил дека истиот мотор ќе биде основа и за следниот модел на компанијата.