Една од најдобрите функции на новиот Android нема да работи на сите смартфони

Добрата вест во врска со новата верзија на оперативниот систем Android е дека ќе има можност двојно да ја намали „тежината“ на фотографиите во споредба со обичниот JPEG формат.

Сепак, лошата вест е дека веквата опција нема да може да ја користи секој телефон со оперативниот систем на „Гугл“. Причината за ова лежи во хардверските и патентните ограничувања.

Новиот формат се вика High Efficiency Image Format (HEIF), а со цел да може да го користат, производителите на мобилни уреди треба да платат за врвен софтвер и лиценци – што не секогаш е случај.

Доколку сето ова ви звучи познато, тоа е затоа што минатата година Apple презентираше слична технологија за својот iOS оперативен систем, а сега Google одлучи да го стори истото. Преполовувањето на просторот што го заземаат фотографиите, а со тоа и бројот на мегабајти што се троши за нивно споделување, е голема предност за секој корисник, но очигледно кога се телефоните со Android во прашање, луѓето ќе треба да бидат трпеливи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 3 =