EvoWheel го претвора секој велосипед во електричен за 30 секунди

Доколку поседувате и возите велосипед, треба да знаете дека сега имате можност да го претворите во електричен. Штотуку почна кампања за групно финансирање на EvoWheel, сет за претворање на секој обичен велосипед во електричен за 30 секунди. Со цел да може да се постави на секој велосипед, тркалото може да се прилагодува.

EvoWheel го заменува предното тркало на велосипедот и одговара на 6 различни големини, а го вклучува рамот на тркалото и дискови за кочење, пишува Green Matters. Стартапот од Сингапур кој го дизајнираше тврди дека повеќе од 95% од велосипедите во светот се компатибилни со EvoWheel, што значи дека и старите велосипеди од гаражите може да добијат модерна транзиција.

Стартапот ќе прави три различни модели од тркалото: City, Commute и Touring. Досегот ќе се движи до максимум 86 километри, но во зависност од растојанието ќе треба да се полни подолго време – 1 час за градскиот модел кој ќе може да помине максимум 29 километри или 3 часа за моделот за подолги возења.

Двете тркала може да се изберат во зависност од тежината и големинта на велосипедот. Има посебна iOS и Аndroid мобилна апликација која го конеткира секој уред со EvoWheel. Така се овозможува следење на навиките на возење и прилагодување на тркалата.

Бидејќи користењето телефон за време на возењето е опасно, има дисплеј кој може да се прикачи за велосипедот. Така возачот може да проверува статистики како брзина, потрошувачка на струја и колку време има останато од батеријата.

Може да се користат 5 различни начини на возење со EvoWheel. Најпрвин е возењето како обичен велосипед, а кога се користи електричното тркало тука е возењето од работа до дома, релаксирано возење, возење за вежбање и искачување. Така се задоволуваат потребите на возачите во зависност од намената за која се користи велосипедот.

EvoWheel се поврзува со уредите преку Bluetooth, без кабли и за само 30 секунди се инсталира на велосипед. EvoWheel имаше успешна кампања за групно финансирање. Цените се движат од 349 долари за моделот City, 399 долари за Commute и 499 долари за Touring.