Смартфонот бавно се полни? Еве ги можните причини!

Доколку вашиот смартфон поминува подолго време на полнач отколку што би требало, можеби причината лежи во овие пет причини.

Лоша опрема и инфраструктура

Со каблите и полначите често не сме доволно внимателни, па по некое време доаѓа до оштетувања поради кои нема да работат добро како кога се нови. Затоа, прво проверете дали проблемот е до кабелот или полначот. Доколку со друг кабел или полнач батеријата се полни брзо, проблемот е решен. Исто така, доколку го полните мобилниот на лаптоп, очекувајте дека ќе се полни побавно.

Проблеми со приклучоците

Идниот потенцијален виновник е приклучокот за USB кабелот или Lightning кабелот на вашиот смартфон. И тој може да стане жртва на честото или невнимателно користење, како и оштетување. Со помош на светилка проверете дали можеби нешто влегло внатре и ги блокира контактите или има корозија. Доколку нешто најдете и одлучите да го отстраните, бидете внимателни да не го оштетите приклучокот и неговите компоненти. Мека четкичка добро ќе послужи.

Апликации во позадина

На смартфонот ќе му треба повеќе време за полнење доколку го користите додека се полни. Истиот проблем може да се случи и доколку многу апликации се активни во позадина. Понекогаш за ова доволна е и само една апликација.

Стара батерија

Доколку вашата батерија ја користите веќе неколку години, веројатно се движи кон крајот на својот животен век. Литиум-јонските батерии може да се наполнат одреден број пати, по што почнуваат да губат капацитет.

Проблемот можеби сте вие

Како што веќе спомнавме, полнењето ќе трае подолго доколку го користите за време на полнењето. Посебно, доколку сте на „гладни” апликации за батерија како што е Facebook. Затоа, одморете малку и дајте му можност да се наполни без да го чепкате.

Извор: Tportal.hr