Испечатете куќа за 24 часа и 4.000 долари (ВИДЕО)

Храна, вода и засолниште – ова се основните човечки потреби, но 1,2 милијарда луѓе од целиот свет живеат без нормален покрив над главата, според извештајот на World Resources Institute.

Сепак, новите технологии исто така може да ни помогнат со овој глобален проблем. Стартап компанија од Остин, Тексас, го претстави својот метод за борба против него – евтино 3Д печатење куќа.

ICON има развиено начин за печатење на еднокатна куќа од 75 квадратни метри од цемент помеѓу 12 и 24 часа – многу мал дел од времето што е потребно конвенционална градба.

Цената е само 10.000 долари и компанијата ветува дека ќе ја намали на само 4.000 долари.

Првите печатени куќи следната година ќе се појават во Ел Салвадор. Се планира да се изгради 100 од нив.

Првиот модел беше направен во Остин, Тексас денес, и еден од трите основачи, Џејсон Балард, ќе живее во куќата за да види колку практична е таа.

Куќата располага со дневна соба, спална соба, бања, па дури и веранда.