Апликација за препознавање на познати луѓе на Pixel смартфоните

Апликацијата Google Lens Assistant се наоѓа на Google Pixel паметните телефони и од сега има можност за препознавање и опишување на фотографии на познати лица како што се актери, политичари и слично.

Не е јасно како оваа функција е додадена на Google Lens Assistant, меѓутоа таа е идентификувана за време на Lens тестирањето предводено од VentureBeat оваа седмица.

Google не одговори на прашањата околу тоа кои „типови на луѓе“ ќе може апликацијата да ги препознае. Овој сервис е направен за компјутерите, прв пат стана достапен за Pixel паметните телефони во ноември минатата година.

Google Lens Assistant на овие телефони ја претставува најнапредната верзија на Google визуелната алатка за пребарување.

Пред две седмици, Google ги објави своите планови кои што се однсуваат на вметнување на апликацијата Lens за Google Photos на Android и iOS оперативните системи, како и за воведување на опцијата Assistant за Android која што се наоѓа на Pixel.

Минатата седмица Google Lens беше вметнат во Android уредите, додека тоа се уште се нема случено кај телефоните кои што работат на iOS оперативниот систем. Покрај тоа, се уште се чека на воведување на опцијата Assistant за Android.

Извор: Klix.ba