Елон Маск го промени концептот на транспорт со подземни тунели (ВИДЕО)

Американскиот инвеститор Елон Маск го промени концептот на подземни транспортни тунели, на кој посветено работи една од неговите компании – The Boring Company. Ултра-брзата платформа ќе служи за транспорт на автобуси со луѓе, наместо автомобили.

Првично, проектот предвидуваше распоредување на повеќе тунели под градовите каде што возилата ќе се движат на специјални платформи со голема брзина. Меѓутоа, во текот на минатата недела, Маск покажа нов концепциски автобус кој ќе треба да ги транспортира луѓето во тунелите, игнорирајќи ја идејата за транспорт на автомобили.

Всушност, ова значи дека тунелите ќе станат аналогија на метро транспортот, но посовремени и многу поголеми брзини. Не станува збор за дополнување на првичниот дизајн на The Boring Company, туку за поместување на фокусот кон јавниот транспорт.