Instagram ќе воведе четири нови функции

Популарната социјална мрежа за споделување фотографии Instagram планира да воведе четири нови функции, кои се уште се во фаза на тестирање, но веќе е познато кои би биле тие.

1.Универзален портрет мод

Станува збор за посебно копче кое ќе го замени нормалното копче за правење фотографии кога фотографираме со помош на портрет-камерата на Instagram. На прв поглед, станува збор за универзален портрет мод кој не е поврзан со хардверот на телефонот, кој теоретски би требало да прави портрети со помош на вештачката интелигенција, дури и кога вашиот телефон го нема потребниот хардвер.

2. Синемаграф

Тоа се слики кои се половина фотографии, а половина анимации, односно мал дел од сликата е во движење. Со оваа функција би можел да се нагласи најинтересниот дел од сцената.

3. Тргнете ги своите податоци

„Инстаграм“ работи на тоа да им овозможи на корисницие преземање на сите податоци за нив кои ги чува на своите сервери.

4. Организирање на разговорите

Instagram ја тестира можноста за обележување на одреден разговор со што би можеле полесно да го најдете или означите омилениот со помош на ѕвездичка која се наоѓа во горниот десен агол од разговорот.

Освен овие опции, а судејќи според најновите објави, Facebook во Instagram планира да воведе аудио и видео повици. Технолошките аналитичари велат дека апликацијата за Instagram, наводно, веќе содржи код за аудио и видео повици. Неактивната опција се наоѓа во кодот на апликацијата за споделување фотографии.

Извор: 6yka.com