BMW ја претстави новата генерација на X4

BMW на Саемот за автомобили во Женева ја претстави втората генерација на „купе-кросоверот“ X4.

Иако станува збор за целосно нова генерација, BMW X4 за 2019-та година не се разликува премногу по дизајнот на надворешноста со актуелниот модел. Промените најмногу се видливи на задниот дел од автомобилот каде што BMW одлучија да направат промена на светлата кои што сега оставаат спортски впечеток.

Новиот BMW X4 порасна во однос на првата генерација – подолг е за 76 милиметри и поширок за 35 милиметри. Исто така поголемо е и меѓуосовинското растојание и тоа за 53 милиметри. Исто така, на задната клупа има повеќе простор за нозете, односно плус 25 милиметри.

Стандардната опрема сега е побогата од претходно, па сега опфаќа и ЛЕД светла. Покрај тоа, секој X4 е опремен со новиот мултимедиски систем со екран со дијагонала од 10,25-инчи и навигација.

Основниот модел, X4 xDrive20i под хаубата има 4-цилиндарски 2.0 турбо бензинец со 184 коњски сили и 290 Nm максимален обртен момент. Другиот бензински модел xDrive30i развива 252 коњски сили и 350 Nm максимален обртен момент.

Тие кои што сакаат помоќна машина, можат да го изберат моделот X4 M40i со 3.0-литарски турбо мотор со 6 цилиндри кој што испорачува 360 коњски сили и 495 Nm максимале обртен момент.

На располагање се и четири „дизелаши“ – Најслабиот X4 xDrive20d користи 2.0 турбо мотор со 4 цилиндри кој што развива 190 коњски сили и 400 Nm максимален обртен момент, додека најсилниот е X4 M40d со 3.0 литри зафатнина, 6 цилиндри, 326 коњски сили и 680 Nm максимален обртен момент.