LG го “сокри” виртуелниот асистент во далечинскиот управувач за ТВ

LG претстави нова линија телевизори за 2018 година која се состои од нови и иновативни OLED и SUPER UHD модели. Новите телевизори ја користат технологијата на LG за вештачка интелигенција (AI) ThinQ и напредниот Alpha.

Претставени се дури 10 нови OLED телевизори со опција за вештачка интелигенција: W8, G8, E8, C8 и B8 со различни комбинации на големината на екранот од 55 до 77 инчи. Секој модел се карактеризира со единствено дизајнерско решение. Има и девет SUPER UHD телевизори со опција за AI достапни со екрани од 49 до 75 инчи.

Благодарение на вградените функционалности на вештачка интелигенција корисниците на телевизорите на LG можат да му се обраќаат директно на далечинскиот управувач за да уживаат во практичните функции на технологијата на гласовниот асистент. Natural Language Processing е заслужен за интелигентното управување и поврзување кои се активираат со гласовни команди, а се базираат на платформата на LG за длабочинско учење Deep ThinQ.

ThinQ AI телевизорите поддржуваат услуги базирани на електронски програмски воздич за нудење информации во реално време и пронаоѓање канали кои ги нудат посакуваните содржини. Гледачите можат да ја бараат музиката од некој филм или да го исклучат телевизорот откако ќе заврши програмата. Телевизорите можат да се поврзуваат и со други паметни уреди во домот како што се роботските правосмукалки, клима уредите, паметните светла и паметните звучници преку Wi-Fi или преку Bluetooth.

Извор: Zimo.hr