„Far Cry 5“ во продажба од овој месец (ВИДЕО)

Видео играта „Far Cry 5“ излегува во продажба овој месец, па така, медиумите постојано објавуваат детали за неа.

На ред дојде и претставувањето на протагонистите – семејството Сид, кое го предводи култот во новата приказна. За таа цел, на интернет се пуштени неколку трејлери, секој посветен на одреден член од семејството.