Кајли Џенер ја намали цената на Snapchat за 1,3 милијарди долари

Реалити ѕвездата, Кајли Џенер ја намали за милијарда и триста милиони долари цената на Snapchat. Полусестрата на Ким Кардашијан покажува какво влијание човек може да има, поради неговата популарност на социјалните мрежи.

Џенер () напиша на Твитер дека повеќе не ја користи мобилната апликација Snapchat. Како резултат на тоа, акциите на компанијата на Волстрит паднаа за 8%.

Кајли Џенер е претставник на ѕвездите, создадени од реалити ТВ и социјалните мрежи. Таа нема образование или професија, но нејзините следбеници на Twitter се над 24 милиони. Својата популарност ја должи од реалното шоу, кое ги следи животите на семејството Кардашијан.

Тоа веќе има над 150 епизоди и почнува да се емитува кога Кајли има само 10 години.