Хакатон за програмирање игри на ФИНКИ

Гете институтот Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) организира 24-часовен хакатон за програмирање игри.

На учесниците в петок и в сабота на ФИНКИ ќе им бидат обезбедени непрекинат интернет пристап, храна, пијалоци, простор за работа и услови за одмор. Учесниците ќе треба да понесат само сопствен компјутер. Заинтересираните можат да се пријават на линкот :https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSerge1FUJ_5cny8qoq6AbNG6a4bSiJHUs5fStMUSMgECPpEFg/viewform?usp=sf_link

Стручно жири ќе ги избере најиновативните идеи и нивната реализација. За најуспешниот тим или поединец, Гете институтот ќе ги обезбеди патните трошоци за учество на друг сличен хакатон во регионот.

Овој хакатон се организира по повод интерактивната изложба „Games and Politics“ (Игри и политика) создадена од Центарот за уметност и медиуми Карлсруе (Zentrum für Kunst und Medien) во соработка со Гете институтот. Интерактивната изложба ги прикажува видеоигрите како социјални изјави и уметнички објекти и истражува како видеоигрите низ игра го развиваат нивниот политички потенцијал. Посетителите можат да ја погледнат изложбата до 25 февруари во аулата на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.