Поместување на границите: Дали ова е иднината на видео игрите (ВИДЕО)

Со напредокот на технологијата и се помоќните графички чипови на пазарот, сонот за фотореализам во игрите полека станува јаве. За овој успех е заслужен фантастичниот „Unreal 4“ и порнешниoт вработен во „DICE“, Рене де Бер, кој со новото видео ги поместува границите на фотореализмот.

За разлика од претходното видео, во кое со прифатлив хардвер (GTX 1080) во реално време прикажа одлично демо во 4К резолуција, Рене сега не ги гледал достапноста, техничките ограничувања и ресурси во вид на меморија, туку само сакал да добие пореалистичен графички рендеринг, исто така во реално време, што значи дека се што гледаме на екранот на компјутерот се обработува во истиот момент без пауза.

Во демото имаме можност да видиме шумска средина со бујна вегетација, и со абнормално високо ниво на детали. Покрај „Unreal 4“, уметникот ги користел програмите „SpeedTree“, „ExLevel“ и „Allegorithmic“ заедно со напредните техники на фотограметрија за достигнување на посакуваниот ефект.

Иако ова е само демонстрација, станува збор кога ваквите детали ќе ги гледаме во некои од идните игри.

Извор: B92.net