YouTube Red планира експанзија во 100 држави

„YouTube Red“ ќе започне да го нуди претплатниот сервис во уште 100 држави, објави извршниот директор на „YouTube“, Сузан Воџиски, пишува „TechCrunch“.

Според неа „YouTube“ планира експанзија на услугата „Red“ во уште многу земји.

Претплатниот сервис беше лансиран во октомври 2015-та година по цена од 9,99 долари за бесплатно гледање. Таа беше создадена како замена на „Google Music Key“ со идеја да им даде на корисниците поедноставен начин за гледање и слушање на видео содржини од „YouTube“ и „Google Play Music“ – како продолжение на постоечките сметки во „Google“ и „YouTube“.

Компанијата објави дека ќе ги подели приходите од претплатите со носителите на права врз содржините што луѓето ги гледаат или ги слушаат во услугата. Компанијата има склучено договори и со независни уметници, издавачки куќи, телевизиски мрежи и филмски студија во врска со програмата.

Додека „YouTube“ продолжува да пушта премиум содржини, останува прашањето дали ќе продолжи да се потпира на „YouTube“ ѕвезди како „PewDiePie“, кои можат да се претворат во проблем со реклами, или да се обиде да прави повеќе содржини од висока класа, како „Hulu“ или „Netflix“.

Воџиски коментира дека „YouTube“ ќе вработи 10.000 лица во врска со работата на содржината. Компанијата не откриваат кога точно ќе се случи тоа.

Во моментов „YouTube Red“ се нуди само во Австралија, Јужна Кореја, Мексико, САД и Нов Зеланд, покажува веб-сајтот на услугата.