Прогласена најдобрата PlayStation игра на сите времиња (ВИДЕО)

Зa легендардната конзола PlayStation 1, која во Јапонија е претставена пред повеќе од две децении досега се произведени 5.103 игри. Сепак, само една ги освои срцата на играчите.

Според анкетата на „Ranker“, играта Driver е прогласена за најдобра PlayStation 1 игра на сите времиња, вклучувајќи го и нејзиното продолжение Driver 2.

Гледајќи го нејзниот трејлер, не е тешко да се биде импресиониран од квалитетот на играта, со одглед на времето во кое настанала.

Младите играчи можеби би се смееле со пикселизираните автомобили и ликови, но за луѓето кои пораснаа со оваа технологија, Driver беше фантастично искуство.

Творецот на играта, која во Европа беше претставена на 25. јуни 1999 година, а во Америка пет дена подоцна, е компанијата „GT Interactive Software“.

Играчите се наоѓаат во улоги на бегалец кој вози низ Мајами, Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк.

Станува збор за „open world“ средина како Skyrim, Grand Theft Autо и Red Dead Redemption, со тоа што Driver беше првата игра која се појави со овој концепт.

Таа требаше да имитира епски сцени од филмови од шеесетите и седумдесетите години, и им нуди на играчите можност повторно гледање на своите мисии во режимот „Film Director“.

Извор: B92.net