Candy Crush минатата година со заработка од 2 милијарди долари

Минатата година во индустријата на видео игрите беше одбележана од контроверзиите со Loot кутиите, но сепак компаниите не се откажуваат од нив, иако многу земји размислуваат за забрана на ваквиот вид монетизација.

Компанијата Activison Blizzard објави документ за заработката во 2017 година, каде што е наведено дека чистиот профит изнесува 7,16 милијарди долари, што е рекорд и за скоро 600 милиони повеќе од заработката во 2016 година.

Сепак, фактот кој привлекува внимание е заработката од микротрансакциите во игрите, односно купувањето на додатоци кои не се во основата на играта. Се работи за цифра од дури 4 милијарди долари или 60 отсто од вкупната заработка.

Игра со најверојатно најголема заработка изминатата година беше мобилниот хит, Кенди Краш Сага (Candy Crush Saga), која на компанијата King и донесе две милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × one =