Цукерберг за Facebook: Ја направив секоја можна грешка

Неодамна социјалната мрежа Facebook го прослави својот 14. роденден, а по тој повод се огласи нејзиниот основач и извршен директор, Марк Цукерберг.

“Имав само 19 години кога го основав Facebook, и тогаш немав поим што правам. Не знаев ништо за градење на компанија или глобален интернет сервис”, напишал Цукерберг во својата објава.

“Во наредните неколку години ја направив речиси секоја грешка која можете да ја замислите. Направив десетина технички грешки и донесов голем број на лоши одлуки. Пропуштив важни трендови и на другите им делував бавно. Лансирав производ по производ без успех на пазарот”, додаде тој.

Цукерберг истакна дека неговиот пат сè уште трае и дека има уште многу за учење со цел успешно да го зближи и подобри светот.

“Насочувањето на тој проблем секогаш ќе биде наша сила и токму тоа е она на кое ќе се фокусираме оваа година”, дополни Марк.

Оваа популарна социјална платформа денес брои 1,4 милијарди дневни корисници и 2,1 милијарди месечни активни корисници.

Вредноста на Facebook денес изнесува речиси 550 милијарди долари.

Today is Facebook's 14th birthday.It's a moment to reflect on how far we've come from that dorm room at Harvard and…

Posted by Mark Zuckerberg on Sonntag, 4. Februar 2018