Јужнокорејците со 1.200 дронови направија спектакл на отворањето на ЗОИ (ВИДЕО)

Спектакуларни сцени со дронови кои со својата кореографија ги одушевија присутните ја обележаа денешната церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Точно 1.218 дронови во синхронизиран лет направија форма на сноубордер, а потоа и олимписки кругови на небото на Олимпискиот стадион.

Ова беше снимено претходно, а во живо на самата церемонија на отворањето настапија 300 дронови, кои ќе бидат присутни секоја вечер додека траат игрите и кога ќе се доделуваат медалите.

Колку за потсетување, во наредните 17 дена за 102 медали ќе се борат 2.900 спортисти од 92 држави.

Извор: Klix.ba