Што можеме да очекуваме од смартфоните со свитливи екрани?

Во текот на оваа година конечно би можеле да го видиме Galaxy X на Samsung. Еве што може да очекуваме од уредот со екран што се витка.

1. Galaxy X би можел да понуди поголема површина на екран

Веќе подолго време се шпекулира дека уредот со екран што се витка би можел на корисниците да им понуди екран многу поголем од оној на денешните уреди. Многубројните прототипови и патенти на Samsung укажуваат дека би можеле да добиеме уред што се отвора и затвора како книга или бележник, два екрана што прикажуваат различна содржина.

 

2. Би можел да има вградена заштита за екранот

Galaxy X би можел да има заштита за екранот ако екранот се затвора навнатре, во зависност од тоа каков материјал ќе се користи однадвор.

3. Би можел да биде поголем од денешните паметни телефони

Последните години сведоци сме на трката за создавање потенок и полесен паметен телефон. Тоа веројатно нема да биде случај со овој паметен телефон, кој би можел да биде подебел и потежок. Пример за тоа е „ЗТЕ Ексон М“ што е многу подебел од „самсунг галакси С8“.

4. Сигурно ќе биде многу скап

Паметните уреди со нови технологии на екрани обично се поскапи. Моделите на Samsung поскапеа кога добија искривен екран, како и оние на Apple кога компанијата премина од LCD на OLED.



5. Ќе имате проблем што сега е тешко да се предвиди

Новата технологија речиси секогаш започнува да создава проблеми кога производот што се користи ќе се најде на пазарот, а милиони луѓе добиваат можност да го користат. На екстензивното тестирање не може да се предвиди што на луѓето ќе им падне на памет и во какви ситуации ќе се најде екранот што може да се витка.
6. На почетокот ќе има ограничени можностиСлично како и искривените екрани, за екраните што се виткаат на почеток нема да има достапен широк спектар на функции и апликации. Првиот модел на Samsung веројатно ќе биде пуштен во продажба како пазарен прототип за оние што сакаат да ги испробаат новите технологии пред другите и потоа ќе се подобрува секој нареден модел. Слично направи во 2013 година со моделот „галакси раунд“, првиот обид за вградување искривен екран во паметен телефон.

Никола Бурагев