Основачот на Apple откри зошто никогаш не би го купил новиот iPhone X

Koосновачот на Apple, Стив Вознијак никогаш не се плашел отворено да го искаже своето мислење за новата технологија.

И, иако Вознијак ја стекнал својата репутација и богатство развивајќи ги компјутерите Apple I и Apple II пред неколку децении, тој никогаш не ги премолчувал своите критики кон Apple секој пат кога компанијата ќе скршне од правецот кој го поставил нејзиниот основач, Стив Џобс.

Познат како голем љубител на iPhone, се чини дека новиот модел ќе биде првиот телефон кој Стив нема да го купи.

“Подобро ќе чекам и само ќе го гледам овој модел. Потполно сум задоволен со својот iPhone 8, кој е ист како iPhone 7, кој пак е ист како iPhone 6”, изјавил тој за CNBC.

Откако ги слушнал неговите забелешки, извршниот директор на Apple – Тим Кук, му испратил еден бесплатен примерок на Вознијак.

И покрај тоа што отпрвин му се допаднал, Стив по неколку недели го променил своето мислење. На телефонот постоела една работа која била спротивна од интуитивното корисничко искуство на кое сопствениците на iPhone се веќе навикнати.

“Копчето за вклучување на телефонот од страна може да извршува различни функции, во зависност од тоа колку пати ќе го притиснете. А доколку пробате да ги користите копчињата за зголемување или намалување на звукот, секој допир повторно може да активира различна работа. Тоа воопшто не ми се допаѓа”, изјавил Стив Вознијак.

Извор: Telegraf.rs